И викендов бесплатнo „Кино на трева“ во паркот до МКЦ

Од:

Младинскиот културен центар (МКЦ) информира дека и претстојниот викенд, 17 и 18 јули (петок и сабота) во МКЦ парк повторно ќе се одржат бесплатни кинопроекции во паркот пред МКЦ. Билетите се бесплатни, но задолжителни, а тие можат да се набават преку веб-страницата bileti.mkc.mk, се вели во соопштението.

На репертоарот во петок е филмот Portrait of a Lady on Fire (2019) во режија на Селин Шама, додека во сабота, ќе биде прикажан иранскиот филм Everybody Knows (2018), на оскаровецот Асгар Фархади. Двете проекции почнуваат во 21 часот, а обезбеден е превод на македонски јазик.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита, информираат од МКЦ.

Би можело да ве интересира

„Летно кино“ викендов во Ѓорче Петров

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ