„И(с)згубени“ на Антонио Вељаноски на престижен филмски фестивал во Сапоро, Јапонија

Од:

Краткиот филм „И(с)згубени“ на охридсиот режисер Антонио Вељаноски ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сапоро, Јапонија.

„И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алис Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.

Фестивалот во Сапоро следува после успешните проекции на „И(с)згубени“ и учествата на фестивалите „Фастнет“ во Скал, Ирска и „Лифт-ОФФ“ во Лондон, Англија. Тој беше и во официјалната конкуренција на домашните фестивали „Скопје Филм Фестивал“, „Дрим Порт“ во Струга, „Бич филм фестивал“ во Охрид, Интернатионал Фестивал ОДА во Тетово и „Манаки“ во Битола.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ