Хуманитарна изложба „13 причини зошто“ на Христина Тарабунова

Од:

На 29-ти април – „Интернационалниот ден на желбата“, во кафе бар „Излет“, ќе се одржи втората самостојна изложба на младата и креативна Христина Тарабунова, која ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.

Изложбата „13 причини зошто: Оној кој ќе зачува живот, го чува цел свет“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници.

Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата Златна Рипка за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски