Хуманитарен концерт на гудачкиот камерен оркестар „Арко“

Од:

Хуманитарен концерт за децата со посебни потреби и аутизам „Дајте ни крилја“ утревечер во Музејот на македонската борба ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „Арко“.

На програмата се дела од Персел, Вивалди, Хендел, Санс, Бизе, а настапот на Арко е под диригентство на Ерхан Шукри.

Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ е формиран во 2003 година од членови кои имаат завршено основно музичко образование, а животот ги насочил кон друга професионална ориентација. Заедничкото камерно музицирање се покажа како најсоодветна форма да ја обедини потребата на овие млади членови и понатаму да ја негуваат музиката. Со голем ентузијазам оркестарот негува репертоар близок до увото на слушателот. Во измината деценија оркестарот одржал многубројни настапи и концерти меѓу кои и на манифестацијата „Есенски музички свечености“ (2007, 2009), отворање на „Битфест“ (2011), како и гостувања во Србија, Бугарија и Русија.

Ерхан Шукри е редовен професор по виолина и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Како надворешен член 14 години бил дел од оркестарот на МОБ. Од 1993 до 2001 година бил асистент диригент на Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Од 2001 година е втор директор на Мандолинскиот оркестар Скопје. Член е на гудачкиот квартет „Стрип 4М“. Основач е на „Арко“, во кој поголем дел од членовите биле негови ученици.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска