Хрватскиот амбасадор Крамариќ прв добитник на меѓународната награда „Гоцевата мисла“

Од:

Актуелниот амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија Златко Крамариќ е првиот добитник на меѓународната награда за културен натпревар меѓу народите „Гоцевата мисла“ што ја востанови фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, а на Крамариќ ќе му биде врачена за време на претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје што ќе се одржи во април годинава.

Според „Македонија Презент“, „Гоцевата мисла“ му се доделува на проф.д-р Златко Крамариќ за афирмација и популаризација на македонската книжевност, уметност и култура, за воспоставување и негување на меѓусебните културни врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска, за континуираното одржување на демократските процеси и перманентното поттикнување на културниот натпревар меѓу народите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска