Уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе имаат свое претставување во рамки на изложбата „Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ (Rainbow in the Dark: On the Joy and Torment of Faith) која од 17 октомври до 17 јануари 2016 ќе биде отворена во Музејот за модерна и современа уметност во Малме, Шведска. Куратори на изложбата се Галит Еилат (Galit Eilat) и Себастиан Цихочки (Sebastian Cichocki).
Нивното ново зедничко дело, создадено за оваа изложба, e насловено “Премолчено”, и e претставено на три ленени платна третирани со текстилна боја, графит и конец. Делата се изложени во комбинација со неколку претходно создадени индивидуални дела од двајцата автори, како што е делото “Без наслов (Двополово едно)” од Христина Иваноска, како и делата “Избришана икона V”, и “Без наслов (Пол Тек писмо, 1971) од Јане Чаловски.
„Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ е изложба од уметнички дела, верски обреди, мистицизам, духовност и вера, која истражува како современата уметност се поврзува со предизвиците на спротиставените верски и секуларните општества. На изложбата се претставени фотографии, видеа, слики, скулптури и инсталации, кои ги преиспитуваат начините на кои современата уметност се обраќа кон различните видови на религиозни манифестации, мистицизмот и ирационалното, зад хоризонтот на модерноста.
Терминот „пост-секуларно општество“ во последно време се користи во релација со настојувањата за зголемување на видливоста на имигрантските заедници во европската политичка свест, како и зголемениот интерес за верата во јавните расправи. Исто така, широката перцепција на глобалните конфликти во релација со религиозните судири, го зајакнува општото мислење дека враќањето на верата се појави како еден од најважните фактори во глобалната политика и културата денес.
Доцната модерна и современа уметност се сметаа за тврдини на секуларните вредности во општеството, а дваесеттиот век воведе нови уметнички медиуми и форми кои се усогласија со прогресивната технологија, секуларноста и радикалната субјективност. Идеите со кои се „храни“ современата уметност доаѓаат од модерната филозофија, либералната политика, психологија и популарната култура, а не од религијата и теологијата.
Сепак, зацврстувањето на религиозната моќ, или пак воведот на религијата од маргините до мејнстримот на културната и политичката свест, се манифестира и во визуелните уметности, наспроти мислењето дека тие се сметаат за тврдини на секуларните вредности во општеството.
Освен Ивановска и Чаловски, останати уметници кои се вклучени во изложбата се: Juan Pérez Agirregoikoa, Tamar Guimarães & Kasper Akhøj, Mirosław Bałka, Yael Bartana, Magnus Bärtås, Carl Johan Erikson, Etcetera, Michael Kessus Gedalyovich, Nilbar Güreş, Michal Heiman, Jonathan Horowitz, Gülsün Karamustafa, Köken Ergun, Paweł Kwiek, Honorata Martin, Jumana Manna & Sille Storihle, Virgínia de Medeiros, Teresa Murak, Nira Pereg, Lene Adler Petersen & Bjørn Nørgaard, Wael Shawky, Slavs and Tatars, Zbigniew Warpechowski, Nahúm B. Zenil and Artur Żmijewski.