Хорот „Howard Gospel“ од САД со духовна музика за 55-тиот роденден на „Охридско лето“

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ 55-тиот роденден – 4 август ќе го прослави со голем концерт на духовна музика вечерва на Античкиот театар, со настапот на американскиот хор „Howard Gospel“  од Вашингтон.

Програмата на „Охридско лето“ за роденденот веќе неколку години наназад нуди несекојдневни доживувања, настани кои по својот уметнички квалитет и атрактивност се издвојуваат од прегорамските содржини.

– Веќе 55 години „Охридско лето“ ги стигаше и достигаше највисоките врвови на светската уметничка елита, и во исполнителски и во творе;ки опус. Она што е важно за фестивалот, покрај светските музички и театарски имиња кои секојдновно настапуваат на нашите сцени, имаме неколку содржини наменети за пошироката публика…Изминатите години 4 август – роденденот на „Охридско лето“ стана симбол за неповторлив настан, за концерти што долго се паметат, истакна селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифива-Неделковска по повод вечерашниот концерт.

Хорот „Howard Gospel“ во својот репортоар негува традиционална, но и современа госпел-музика, а во нивните композиции многу често проткајуваа темата за Исус Христос и христијанството.

Членовите на хорот „Howard Gospel“ како и управата пресреќни што се дел од оваа најголема и најзначајна музичско-сценска манифестација во овој дел на светот.

Реј Брембо, менаџер на американскиот хор, не кријеќи ја возбудата што  првпат е во Македонија, изрази задоволство до „Охридско лето“ и Амбасадата на САД во Скопје што ја имаат можноста да се претстават пред охридската фестивалска публика.

– Хорот „Howard Gospel“ е една од најголемите институции што ја негуваат афроамериканската култура во САД. Нашето творечко мото е да се служи на вистината и вербата. Така што, се што правиме и каде и да одиме, вклучувајќи ја и Македонија, сакаме да го презентираме тоа што го правиме, а тоа е духовната музика, рече претседателот на хорот Брендон Кокс.

Охридско лето прес Госпел 2

Директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска истакна дека огромно е задоволството што оваа година фестивалските настани се мошне добро посетени од странска публика, што е потврда дека спојот на културата, културното наследство можат да бидат добра основа, како за заеднички проекти и за промоција на фестивалот, така и на градот и неговата туристичката понуда.

Фестивалот „Охридско лето“ официјално својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. Од година во година „Охридско лето“ се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. „Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август. а од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма