„Холивуд Репортер“ предлага американски римејк на македонскиот филм „Исцелител“

Од:

„Холивуд Репортер“ објави рецензија на македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески и сугерира дека постои можност за американски римејк на филмот.

– Уште една фантастична рецензија за македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески пристигнува директно од домот на светската филмска индустрија, Холивуд, и од едно од најзначајните филмски списанија во светот, „Холивуд Репортер“. „Холивуд Репортер“ е дигитално и печатено филмско списание основано во 1930-та година, чиј главен фокус е холивудската филмска и ТВ индустрија.

Известувајќи од меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија, кој се одржа од 17-ти ноември до 3-ти декември 2017 година, Стивен Далтон од „Холивуд Репортер“ вели дека Ставрески со неколку свои тајни состојки успешно го надминува локалниот контекст и го придвижува филмот кон „универзално-препознатливиот терен на нерешени семејни проблеми, опасното суеверие и исцелителната моќ на љубовта“.

-„Исцелител“ е неочекуван трагикомичен „дијамант“ кој освен фестивалските кругови може да ги шармира и независните дистрибутери, вели Далтон.

Понатаму во рецензијата, Далтон го издвојува и протагонистот Благој Веселинов како „згоден и пријатен на еден неуреден и потиштен начин“ и заклучува дека постои можност и за американски римејк на филмот, предложувајќи ги Вуди Харелсон или Метју Меконахи како одличен избор за главната улога.

Покрај ѕвездената рецензија во „Холивуд Репортер“, Ставрески доби и посебно признание за сценариото на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел, на кој „Исцелител“ ја имаше својата премиера на 5-ти декември и второ прикажување на 6-ти декември, во склоп на официјалната натпреварувачка програма на фестивалот. Медитеранскиот филмски фестивал се одржува секоја година во декември и покрај натпреварувачката програма има и премиерно прикажани филмови, најдобри филмови и документарци, дискусии, средби со режисери, како и концерти, диџеи и медитерански пазар.

На меѓународниот филмски фестивал од „А категорија“ „Црни ноќи“ во Талин, „Исцелител“ ги распродаде сите три прикажувања и ги импресионираше светските критичари, добивајќи исклучителни рецензии во некои од највлијателните филмски списанија, како „Варајети“, „Скрин дејли“ и други значајни списанија и блогови. Филмот исто така беше прикажан и на уште еден меѓународен филмски фестивал од „А категорија“ во Индија – Гоа (ИФФИ).

Претходно, „Исцелител“ оствари фантастичен успех на својата премиера на Солунскиот филмски фестивал, каде ја освои наградата од публиката и стана дел од историјата како прв македонски филм кој освоил награда на овој фестивал.

„Исцелител“ моментално се прикажува во кината Милениум и Синеплекс, а од 22 до 24 декември ќе се прикажува и во 3Д Кино Битола.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска