Грчкиот министер за култура Костас Тасулас ја исклучи можноста гробницата откриена во Амфиполис во северна Грција, да е на Александар Велики.
Иако Катерина Перистери, која раководи со археолошките ископувања, рече дека гробницата била изградена кон крајот на 4 век п.н.е., што се совпаѓа со крајот на владеењето на македонскиот крал, според Тасулас „невозможно“ е во неа да се погребани останките на Александар Велики.
– Луѓето не треба да очекуваат ископувањата да ги откријат останките на Александар, рече Тасулас за телевизијата „Мега“.
Археолозите го продолжуваат истражувањето на четирите комори на гробницата.