Грант од Ем-Ти-Ви за ХИВ едукација на младите преку Tеатар на сенки

Од:

Театарот „Сенки и облаци” од Скопје заедно со 20 други организации од светот доби грант од познатата MTV Staying Alive Фондација за ХИВ/СИДА едукација на младите во Македонија.

Грантот е наменет за спроведување на проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра на сенки“ што ќе се спроведува од јануари до април со поддршка на Младинскиот културен центар – МКЦ од Скопје, Здружението Х.Е.Р.А и мрежата на НВО и Y-PEER Македонија.

Проектот подразбира едуцирање на младите за ХИВ/СИДА и обучување за игра на сенки, нивна креација на претстави со сенки и патувачки караван на претставите низ неколку града во Македонија. senki-oblaci

Процесот ќе се одвива во три фази. Првата фаза ќе биде викенд тренинг за ХИВ/СИДА и сексуално и репродуктивно здравје на 9 и 10 февруари, втората викенд работилници за создавање театарска претстава со сенки што ќе се спроведат на 16 и 17 февруари, 23 и 24 февруари и 2 и 3 март, а третата фаза ќе биде театарски караван во Велес, Тетово, Куманово и Кавадарци и ќе се реализира во текот на април годинава.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија