Гран при за монодрамата „Контрабас“ со актерот од Азербејџан Шовги Гусеинов

Од:

Актерот од Азербејџан Шовги Гусеинов кој на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ ја изведе монодрамата „Контрабас“ е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при.

Меѓународното стручно жири, предводено од македонскиот режисер Коле Ангеловски соопшти дека одлуката е донесена за севкупен впечаток, односно изборот на музиката во монодрамата, режијата и посебно, актерското мајсторство на Шовги Гусеинов од Азербејџан.

Меѓународното жири додели и награда за најдобар актер на фестивалот за како што беше посочено, извонредна актерска игра, покажан талент и познавање на актерскиот занает од страна на актерот од Полска, Матеуш Новак.

Според востановената традиција, на свеченото затворање на фестивалот беше доделена награда од публиката која годинава гласаше за хрватскиот актер Тарик Филиповиќ кој во Битола ја изведе монодрамата „Ќиро“.

Интернационалниот фестивал на монодрама 20 години го организира Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање