Графичари од регионот десет дена ќе творат во Богданци

Од:

Графичката работилница насловена „Софија“ почна денеска во Богданци, на која учествуваат 17 млади талентирани графичари од Македонија и од регионот.

Работилницата ќе трае до 1 септември, а ја организира Здружението на граѓани „Графичка работилница Софија“ од Богданци. Ментор ќе биде Слободан Радојковиќ, истакнат графичар и професор на Факултетот за уметности во Ниш.

Планирано е да се одржат и две завршни изложби. Првата ќе се одржи на 30 август во Домот на културата во Богданци, а наредниот ден делата изработени за време на работилницата ќе бидат изложени во галерискиот простор на печатница „Софија“ во градот. Во наредниот период се планирани повеќе изложби во градови низ Македонија и регионот.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска