Кумановскиот театар со претставата „Секс и лаги“ ќе игра пред струмичани. Гостувањето во Народниот театар „Антон Панов“-Струмица е закажано за 3 март, петок со претставата „Секс и лаги“ во режија на Драгана Таневска, со почеток од 20 часот.
„Секс и лаги“ е возбудлива комедија која побуди огромен интерес во целата држава, и актерите со задоволство ја изведуваат.
Претставата досега се играше во Штип, Гевгелија, Крива паланка, Неготино, Кавадарци и во петок се игра во Струмица. Закажани се и други изведби во Македонија, а исто така претставата наскоро повторно ќе се игра и на сцената на Театар Куманово, односно во Центарот за култура.
Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Нина Максимова, Никица Јанковски, Жарко Јовановиќ и Анастасија Величковиќ.
Режијата е на Драгана Таневска, сценографија Крсто Богојевски, драматург Симона Тоскиќ и дизајн на постер Стефан Јакимовски.