Гостување на „Артопија“ на фестивалот „Импакт“ во Велес

Од:

На фестивалот на изведбени уметности „Импакт“ во Велес вечер ќе гостува „Артопија“ од Скопје со претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска.

Директорот на фестивалот Алексанар Ивановски изјави дека се работи за  документарна претстава – авторско дело на четворица актери и еден режисер.

– Претставата ве враќа во детството кога се раѓаат големите соништа на секое дете за тоа што сака да биде кога ќе порасне, рече Ивановски.

Во претставата играат актерите Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска-Костовска и Ненад Митевски.

На затворањето на 6-тиот „Импакт“ во Велес утревечер ќе гостува Кумановскиот театар со претставата „Жена од минатото“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска