„Господа од современа“ дел од „The Changing Face of Europe“

Од:

Филмот „Господата од современа“ во режија на Ана Алексовска, во продукција на Лист Продукција, е селектиран на годинашното издание на „The Changing Face of Europe“ иницијатива на ЕФП (European Film Promotion) во соработка со Hot Docs Canadian International Documentary Festival.

Десетте селектирани проекти, информираат од Агенцијата за филм, ќе бидат дел и од виртуелната програма на Hot Docs Industry, што ќе се одржи за време на оригиналните датуми на фестивалот, се до 31 мај, додека фестивалските кинопроекции во моментот се суспендирани и се очекува да бидат презакажани.

– „Господата од современа“ е дел од програмата составена од 10 извонредни европски документарни филмови, кои нудат единствен и неконвенционален увид во реалноста на современиот европски живот. Филмовите ќе бидат претставени пред дистрибутерите и програмерите преку учеството во „Doc Shop“ – „виртуелниот“ маркет на „Hot Docs“ кој нуди пристап до курирани листи на наслови на документарни филмови. Меѓудругото, авторите на 10-те избрани филмови се поканети да учествуваат и во новата програма за дигитална индустрија, вклучувајќи примери од праксата и Distribution Rendezvous, а ќе добијат можност и да остварат средба со дистрибутери и селектори на филмски фестивали преку виртуелни индивидуални состаноци, во организација на European Film Promotion, се наведува во соопштението на Агенцијата за филм.

Филмовите кои се дел од „The Changing Face of Europe“, беа селектирани од страна на фестивалот, врз основа на препораки на организациите-членки на European Film Promotion кои ги претставуваат институциите за промоција на филмови во Европа, конкретно во нашата земја тоа е Агенцијата за филм. Селекцијата е составена од филмови кои нудат уникатни перспективи, привлечни приказни и современи теми кои имаат намера да го остават својот белег во светот на документарниот филм.

– Оваа година селекцијата повторно бележи зголемено присуство на жени-автори; дури седум од десетте филмови се од жени-автори или тимови од жени-автори, меѓу кои и македонскиот „Господата од современа“, се осочува во соопштението.

Иницијативата на European Film Promotion е поддржана од страна на програмата Креативна Европа-МЕДИА на Европската унија и од организациите-членки во мрежата.

Комплетната листа на селектирани проекти можете да ја најдете на: https://www.efp-online.com/en/news/2020/20200414_THE-CHANGING-FACE-OF-EUROPE-Features-10-Outstandin.php?r=460881924&fbclid=IwAR20EF79nBX4R8r8lyz7QM4Rajmp1yBetORcJUyFsjnE2k0nxiUDSPhcIA

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ