„Господ постои, името и е Петрунија“ најдобар европски филм според арапските филмски критичари

Од:

„Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска е прогласен за најдобар европски филм во изборот на арапските критичари, соопштија Европската филмска промоција (ЕФП) и Арапскиот филмски центар.

– Апсолутно сме воодушевени што првата награда од арапските критичари ја доби филм во режија на жена, со еднакво извонредна главна женска улога. Неговата силна порака која се залага за еднакви права за жените е универзална, истакна претседателката на ЕФП и директорка на Чешкиот филмски центар, Маркета Сантрохова.

Како што информира Агенција за филм на Република Северна Македонија, изборот на најдобриот европски филм од 24 пријавени филмови од цела Европа, го извршиле 42 филмски критичари од 13 арапски земји.

– Наградата има за цел да ја промовира европската кинематографија во арапскиот свет и да го насочи интересот на дистрибутерите и клучните играчи во индустријата кон квалитетни европски филмови, истовремено ставајќи ги во фокус истакнатите филмски критичари од голем број на арапски земји и нивната исклучителна улога во отворањето на нови перспективи и премостувањето на културните разлики, посочи Агенцијата.

Наградата и беше врачена на Лабина Митевска, продуцентка на филмот, која има и една од водечките улоги во филмот, од страна на претставници од ЕФП, Арапскиот филмски центар и директорот на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, каде се одвиваше и самото доделување на наградата.

Ова е само уште една во низата награди на „Господ постои, името и е Петрунија“, кој што своја светска премиера имаше на Берлинскиот филмски фестивал во официјалната селекција, а досега е дистрибуиран во 28 земји ширум светот и прикажан на 74 филмски фестивали со 23 освоени награди, вбројувајќи се во еден од најуспешните македонски филмови досега.

„Господ постои, името и е Петрунија“ е еден од трите европски филмови во официјалната селекција за престижната награда на Европскиот парламент – ЛУКС. Како еден од трите финалисти, филмот беше преведен на сите 24 јазици кои се зборуваат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ