„Господ постои името ѝ е Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент

Од:

Европскиот парламент ги откри тројцата финалисти на официјалното натпреварување за филмската награда „Лукс“ (Lux) за 2019 година – меѓу нив е филмот „Господ постои името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Другите два филма во финалето се „Колд Кејс Хамарскјилд“ од Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија) и „Кралството“ од Родриго Сорогојен (Шпанија / Франција).

Трите финалисти беа избрани меѓу десетте филмови во Официјалната селекција 2019 година, во кои уште еднаш беа опфатени четири жени режисери (Теона Стругар-Митевска, Тамара Котевска, Нора Фингсхит и Наташа Меркулова) и два документарни филма („Колд Кејс Хамарскјилд“ и „Медена земја“), како и значително присуство на малите земји и на европски копродукции.

Филмовите кои беа во селекцијата се занимаваат со широк спектар на круцијални теми, како што се животната средина, еманципацијата на жените и социјалната благосостојба. Разновидноста на жанровите и стиловите е прилично добро претставена во трите финалисти што ќе се натпреваруваат за филмската награда „Лукс“ за 2019 година: документарен филм (третпат во историјата на оваа награда има еден документарен филм меѓу финалистите), социјална драма со допири на комедија и политички трилер.

Како и претходните години, тројцата финалисти ќе одат на турнеја низ Европа, при што проекциите се организираат во повеќе од 60 градови низ 28-те земји-членки благодарение на соработката помеѓу информативните канцеларии на Европскиот парламент и Медиумите за креативна Европа.

Наградата „Лукс“ на Европскиот парламент ќе му обезбеди на секој филм преводи на сите 24 официјални јазици на ЕУ, со што ќе бидат достапни за откривање на сите европски граѓани.

Инаку, првпат откако е воведена наградата „Лукс“ на Европскиот парламент, во трката за најдобар филм е и еден македонски филм. Покрај „Господ постои името ѝ е Петрунија“, во конкуренција меѓу десетте кандидати беше и документарниот „Медена земја“, што претставува голем успех за македонската кинематографија.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ