Целосна реализација на проектите и програмските содржини опфатени во годишната програма на Министерството за култура очекуваат надлежните од НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Тие се надеваат на уште поголема посетеност од граѓаните на сите манифестации кои се одржуваат во Центарот за култура и театарот кои се дел од националната установа.
– Пред се задоволни сме од најавата дека не очекува целосно реновирање на Кумановскиот театар после подолго време, тоа го издвојуваме од годишната програма како најзначајна вест за нас, изјави директорот на НУЦК, Сашо Костовски.
Програмските содржини опфатени во програмата се разновидни, наменети за различни вкусови и генерации, сметаат надлежните и очекуваат уште поголема посететност на манифестациите кои се реализираат во двете установи.
– Изложби, концерти, издавачка дејност, литературна дејност драмска, фолклорна, сите области што ние ги работиме преку матичните форми се опфатени во програмата, така што и на она што е предвидено со годишната програма на Министерството, но и со наши сопствени сили ќе се трудиме да ја направиме богата сезонава, додаде Костовски.
Во изминатата 2016 година близу 50.000 гледачи ги проследиле програмските содржини во театарот и во Центарот за култура.
– Имавме 104 претстави во театарот на македонски и албански јазик, 90 на македонски, 24 на албански, изјави Костовски.
Кумановскиот театар во сопствена продукција годинава ќе реализира три претстави од кои една комедија која ќе биде презнетирана пред публиката на годинешниве 20-ти по ред јубилејни „Денови на комедија“. Пред кумановци ќе бидат изведени пет премиери.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ минатата година околу 35.000 посетители имало на концерти, литературни читања, промоции. Лани во установата биле реализирани шест концерти, 28 изложби, 20-ттина литературни читања и голем број гостувања.