Годишна изложба на членовите на ликовното студио од Крива Паланка

Од:

Стотина дела, цртежи и слики работени во разни сликарски техники од младите уметници од градот од синоќа се изложени во галерискиот простор на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

Делата се создадени од страна на десетината членови на ликовното студио при центарот кое функционира седум години, а изложбата е своевидна финална активност пред крајот на тековната учебна година.

– Проектот за ликовното студио кое работи во рамки на нашиот центар е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија , а има за задача младите таленти од градот да го надградуваат својот талент, да ги изложуваат и претставуваат нивните творби, не само кај нас, туку и пошироко, со цел да се мотивираат за понатамошна работа и успех во нивното творење, истакна Вања Јакимовска, директор на НУЦК, Крива Паланка.

Во студиото работи академскиот сликар Роберт Цветковски од Крива Паланка кој несебично ги споделува своите знаења со младите уметници.

– Морам да им се заблагодарам на сите овие дечиња, млади таленти, кои истражуваат под мое менторство, бидејќи често барам од нив да направат покомлицирани, напредни работи, мотивирајќи ги да го надминат сето она што им е зададено како предизвик, бидејќи ова студио работи со помлади и повозрасни членови, изјави Цветковски.

Истакна дека годинава имаат освоено и неколку награди за ликовните дела на членовите, меѓу кои Прва награда на Балканско натпреварување на конкурс во Република Бугарија, која ја освоил Никола Станковски, а членката на студито, средношколката Сара Велеска, освоила прво место за фотографија на МАССУМ.

– Ова се талентирани и посветени уметнички перспективни лица, кои со постојаните напори и заложби допринесуваат да се оствари целта на студиото, да се надградат уметничкиот талент и афинитети на секоја индивидуа, извлекувајќи го најдоброто од нив, додава Цветковски.

Во досегашниот периoд на седумгодишно постоење на студиото низ ликовната школа минале триесетина членови.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска