Годишна изложба на членовите на Кривопаланечкото ликовно студио

Од:

Во галерискиот простор на Националната установа „Центар за култура“ од Крива Паланка синоќа беше отворена годишната изложба на членовите на ликовно студио кое функционира во оваа установа.

Раководителот на студиото, академскиот сликар, Роберт Цветковски рече дека ова е традиционална изложба на која се презентира целогодишната работа на сликарите-аматери од општината.

– Четврта година по ред организираме завршна изложба со слики и цртежи на нашите членови. Ова е отворено ликовно студио кое има членови од најмала до поодмината возраст и сите творат со ист ентузијазам. Секоја година низ студиото минуваат голем број членови од кои делата на најупорните се презентирани вечерва. Оние кои членуваат подолг период бележат голем напредок за што говорат и самите дела, изјави Цветковски.

Тој истакна дека се работи во различни ликовни техники, се твори во природа, на разни локации, се прават репродукции на познати дела, а членовите постојано се надградуваат со познавања од областа на ликовното творештво.

Во галеријата на Националната установа „Центар за култура“ од Крива Паланка се изложени околу педесет слики и цртежи, а изложата ќе биде отворена за јавноста во следните десет дена.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска