Годинешниот кански филмски победник за почеток на „Синедејс 2017“

Од:

Вчеравечер во Градското кино „Милениум“, со проекцијата на годинешниот победник на Канскиот филмски фестивал, филмот „Квадратот“ во режија на Рубен Остлунд, почна 16-то издание на Фестивалот на европски филм „СИНЕДЕЈС 2017“, а Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Ми претставува задоволство што вечерва сум овде со Вас, на почетокот на 16-то по ред издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ – СИНЕДЕЈС, под мотото „…СКОПСКА ЛИНИЈА-ЕВРОПСКА ВОЖЊА…“. Синедејс од година во година прераснува во престижен фестивал кој со нетрпение го очекувате и Вие, неговата верна публика. Разбрав дека годинава во Џебното кино на МКЦ ќе има целодневен филмски маратон со проекции во десет различни тематски содржини. Со особено задоволство ја најавувам и долгочекуваната македонска премиера на филмот „Исцелител” на нашиот режисер Ѓорче Ставрески, со којшто ќе биде затворено патувањето коешто го нуди СИНЕДЕЈС 2017. Оттука, драги пријатели, љубители на филмската уметност, филмски работници, режисери, актери од целава нашава земја и драги, ценети гости, Ви пожелувам да уживате во филмската магија што ја нуди овој фестивал на скопската станица, кој со својата програма секоја година ќе го збогатува и подигнува на повисоко ниво културниот живот во нашето Скопје. Се надевам дека ќе уживате во деновите исполнети со филм и музика – изјави градоначалникот Шилегов.

Годинешното издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ – СИНЕДЕЈС ќе се одржи од 9 до 19 ноември 2017 година. Организатор на фестивалот е Младинскиот културен центар-Скопје, а скопската публика и годинава ќе може да гледа 135 квалитетни долгометражни филмови, да се дружи со многубројни гости, 10 дена да присуствува на концерти, како и на 4 филмски работилници. На располагање за проекција на филмската програма на годинешниот Синедејс, ќе бидат сите кино сали на МКЦ, Градското кино Милениум, Кино салата Фросина и Џебното кино.

СИНЕДЕЈС на посетителите им нуди филмови што „гравитираат“ во неколку веќе познати програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, шведски филмови, МК-Кратки филмови, CINEDAYS+, Студентска програма, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани.

Годинава од 20-ти до 29 ноември во Џебното кино на МКЦ ќе има целодневен филмски маратон со проекции во десет различни тематски содржини.

Како и изминатите години ќе има фонд за награди од по 300 илјади денари за најдобриот филм во Официјалната селекција и во СинеБалкан, а ќе се доделуваат и награди за најдобра филмска критика за филмовите што ќе се прикажуваат на Синедејс.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ