Година во која се сеќаваме на Ван Гог

Од:

Вијести – Подгорица

Во годината во која се сеќаваме на Ван Гог 125 години инспирација, 30 институции работат на заеднички проект.

Во Холандија во фокус се неговите први трудови и нивното влијание на другите уметници, во францускиот Сен Реми, Арла и Овер на Оаза каде во 1890 година се убил во својата 37 година, се се врти околу личноста Винсент Ван Гог.

Прерано починатиот гениј, луд самоубиец, сликар на сончогледи: тоа се клишеа кои се јавуваат на поменот на неговото име. Оваа година се одбележува 125 годишнина од смртта на великанот на холандското сликарство Винсент Ван Гог.

Ван Гог е роден на 30 март во 1853 година. Името го добил по член од семејството кој починал една година пред да се роди. Има пет браќа и сестри. На свои четири години со својот помлад брад Тео, редовно разменувал писма. Винсент пораснал во свештеничка куќа со своите родители, а своето детство го опишал како мрачно и ладно.

Семејството на него гледало како на некој кој е осуден на неуспех. Од секоја работа која ја почнувал, било да работел како продавач на ракотворби, поморски офицер или лаички земјоделец, се откажувап многу брзо. Во 1879 година се преселил во белгиски рударски регион каде се обидувал да го живее својот позив. Изнајмил стан кај едно семејство во Кусмес и живеел во сиромаштија. Неволите на рударите оставиле голем впечаток на Винсент Ван Гог.

Дури, тој се идентификувал со луѓето кои работеле во Боринагу, рударски басен во Белгија. Тој своето лице го боел во црно за да изгледа како еден од нив. На крај сепак се фатил за перото и почнал да ги овековечува животите на сиромашните луѓе на своите цртежи. Од некогашниот рудник во Боринагу, денес останале само рушевини. Еден вагон потсетува на мрачното минато. Винсент Ван Гог тука се спуштал на длабочина од 700 метри за да ја почувствува тежината на животот на рударите. На својот брат Тео пишувал дека го шокирале тесните ходници и темницата која владее доле.

По тепања на разни места, дошол во Нуенен. Понизно се вратил на родителите кои неволно го примиле назад. Во Нуенен останал две години од 1883 до 1885. И понатаму сликал со темни бои, полиња и селани како работат. Сликал без никакво разубавување. Во Нуенен, кој сега е предградие на блискиот град Ајндховен, се радувал на својот едноставен живот. Ја открил темата на ткаење, како тема за себе. Исто така и едонставната и минималистичката архитектура, типична за Нуенен.

За скицата Луѓе кои јадат компир, му била потребна цела една зима додека не ја завршил. Неговите трудови се преполни со тага. Поедини ликови изгледаат како да имаат анатомска грешка. Во Нуенен дури имал и таков луксуз што имал сопствено атеље. Преку оградата покрај куќата се гледа едноставна шупа во која настанале и Луѓето кои јадат компри. И тука сликал минимум една слика дневно.

Никој не можел ни да помисли дека од овој сликар еден ден ќе стане еден од најзначајните светски уметници. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска