Гитаристот Ерик Сардинас на 17-ти јули ќе го отвори скопскиот „Блуз и соул фестивал“

Од:

Светски познатиот блуз рок-гитарист Ерик Сардинас од САД со својот бенд „Биг Мотор“ на 17 јули ќе настапи во летниот клуб „Рингишпил“ во Градскиот парк во Скопје во рамки на првиот дел од годинашното издание на „Блуз и соул фестивалот“, што го организира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Вториот дел од фестивалот ќе се одржи во септември кога ќе настапат неколку познати блуз-музичари чии имиња не се откриваат.

Васја Ивановски, програмски директор на Фестивалот, денеска на прес-конференција рече дека Сардинас е на европска турнеја, претходно одржал концерт во Канада, а моментално настапува во Франција. По настапот во Скопје тој ќе замине за Мостар.

– Она што тој ќе го претстави в четврток ќе биде дел од она што ние сите очекуваме да го видиме. Тој го подготвува својот нов албум, посочи Ивановски.

За Ерик Сардинас, ова е второ гостување во Скопје. Претходно тој настапи во 2002 година, и тоа на истиот фестивал.

Изминатите години во рамки на „Блуз и соул фестивалот“, нагласи тој, имавме можност да проследиме настапи на извонредни имиња кои на светско ниво имаат награди.

– Скопскиот „Блуз и соул фестивал“ идната година ќе одбележи 20 години постоење, што е пример на квалитет кој е препознаен надвор од границите на нашата држава, додаде Ивановски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ