Гевгелиските фасади се разубавуваат со мурали

Од:

На една од зградите во средината на градското шеталиште во Гевгелија се изработува мурал чиј идеен автор е гевгелискиот уметник Миле Ничевски.

Тој, заедно со уметникот Милош Стојановиќ од Скопје, вредно работи на ова дело,кое е селектирано од Министерството за култура, да биде готово до прославата на општинскиот празник 7-ми Ноември.

– Се работи за композиција наречена ,,Бакнеж“ која беше на насловната страна на најпознатото македонско авангардно списание ,,Маргина“ како и на плакатите и картичките на мојата самостојна изложба на цртежи во Белград. Тоа е дел од трилогија во која е замислено да се реализираат мурали уште во градовите Струга, Битола и Скопје кои како и Гевгелија имаат арт фестивали, рече Ничевски.

Покрај сликарство, авторот Миле Ничевски се занимава со изработка на графика, цртеж, стрип, театарска режија и дизајн. Магистрант е на визуелни комуникации на Европскиот универзитет, постдипломец во Париз и поранешен директор на Домот на културата во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска