Гете-институтот почнува серија германски филмови на тема „Различности“

Од:

Гете-институт Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката ќе го прикаже филмот „На иста висина“ – прв од серијата германски филмови на тема ​„Различности“ (Diversity).

Филмот раскажува за 10-годишниот Михи, сместен во дом за деца без родители по смртта на мајка му. Тој го бара и го наоѓа својот татко, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја создало, зашто Том е со џуџест раст. Михи станува цел на потсмев што ја загрозува неговата врска со Том.

Филмот е снимен во 2015-2016 во режија на Ефи Голдбрунер и Јоахим Долхопф.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ