„Галичка свадба“ со две невести

Од:

Со изведување свадбни обичаи вечер  почнува 41-то издание на културолошко-туристичка манифестација „Галичка свадба“.

Годинава, „судбоносното да” ќе го кажат две невести, Ана Гаревска и Маргарита Ивановска, со своите избраници Иван Сариевски и Стефан Куковски. Тие годинава на посетителите ќе им престават триесетина свадбарски обичаи, ритуали, песни и ора, каректирстични за мијаците.

Манифестацијата ја продолжува традицијата на Петровденските галички свадби кога печалабарите традиционално се враќале на родните огништа.

SKOPSKO&Galicka svadba_FOTO 2

Според најавите, вечер во 19:30 часот, сватовите, облечени во галичка носија, и роднинини на младоженците, ќе го закитат бајракот и ќе почне свадбата.

Утре, свадбарските обичаи започнуваат со канење на мртвите, на кумот, бричење на  зетот, на строј, земање на невестата, венчавање  во црквата „Св. Петар и Павле”.

На патот кон Галичник утре ќе има посебен режим на движење на возила, а за посетителите ќе биде организиран и презоз со комбиња.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци

Разумот посилен од традицијата, Галичката свадба повторно одложена

Искра Манојлоска

Одложена годинешната „Галичка свадба“, можно е да се одржи на Голема Богородица

Жарко Настоски