Францускиот амбасадор Бомгартнер во посета на ИДКНА

Од:

Новоименуваниот амбасадор на Франција во Северна Македонија Сирил Бомгартнер беше во посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

Амбасадорот Бомгартнер му се заблагодарил на домаќинот Скендер Асанин, директор на Институтот, за можноста да се запознае со научна институција, која, како што посочил, докажано е отворена за вредности и идеи што ги прават луѓето попосветени на заедничките цели, за општество без етнички, религиозни и јазични бариери.

Францускиот дипломат ветил плодна соработка со ИДКНА и отвореност за идеи и проекти што можат да се реализираат во текот на следната година.

Директорот на Институтот, Скендер Асани го запознал амбасадорот со профилот и опсегот на научни и истражувачки активности преземени од ИДКНА во последниве години. Тој презентираше неколку дела и публикации што ги советлуваат неколку значајни периоди и настани од минатото, кои биле третирани од страна на научните истражувачи на ИДКНА.

Говорејќи за актуелните политички процеси во земјата и во регионот, Асани ја истакнал потребата од многу прагматичен пристап кон македонско-бугарските односи и според него, ова е долгорочен процес кој бара трпеливост и флексибилност од двете страни. Како пример го зел француско-германскиот модел за надминување на отворените спорови, соопштуваат од ИДКНА.

Францускиот амбасадор Бомгартнер ги поздравил идеите презентирани од директорот Асани и го охрабрил да продолжи да дава решенија корисни за сегашноста и за во иднина.

На крајот од средбата, двајцата соговорници се согласиле во следната календарска година да организираат заеднички активности, со цел продлабочување на меѓусебната соработка меѓу културите и цивилизациите на народите и јазиците на двете земји.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ