Изложба на графичарката Шќипе Мехмети ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мала станица, во организација на Националната галерија на Македонија. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и ќе претстави разновидни графички техники – од сува игла до комбинирана техника.
– На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената, нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна, информира НГМ.
Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена во Мала станица до 2 ноември 2017.