Фотографска изложба од работилници за деца

Од:

Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена продажна изложба „Nos Creare” на 28 уметнички фотографии направени на различни локации во земјава од деца учесници на фото-сафари работилници.

Собраните средства од продадените фотографии ќе бидат наменети за купување фотографска опрема и компјутери кои ќе помогнат да продолжи учењето нови вештини и креирањето нови дела.

-Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери. Оваа работилница за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Нашата цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација, соопштија организаторите Ладислав Кинг и Вертиго креатив.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска