ФОТО: Уметници направија џиновски костур од риба за спас на Радика

Од:

Група активисти од иницијативата „Да ја заштитиме река Радика“ заедно со неколкумина уметници, изработија гигантски симбол во облик на костур од риба во знак на протест против плановите за изградба на браната Луково поле.

„Самиот симбол кој претствува своевиден ленд арт кој е лоциран во непосреднта близина на месноста Мелничкиот мост преку Дебарското езеро, кој сега заради екстремно нискиот водостој на езерото всушност ги премостува Радика и сувото корито на езерото.

spasRadika (2)

Иако во овој период на годината Дебарското езеро најчесто има низок водостој, екстремно нискиот водостој годинава за еколозите и претставниците на иницијативата Радика е потврда дека во Реката Радика нема доволно вода за да се изгради брана од која водата би се делела во два слива. Тие стравуват дека доколку се изгради новата брана и се остварат плановите на владата и ЕЛЕМ водите од Радика кои со милениуми течат кон Дебар и Дрим, вештачки да бидат пренасочени кон Вардар, реката Радика со тек на времето се повеќе ќе се намалува за на крајот да исчезне и остане само колектор на канализациите од селта во реканскиот крај“, пишува Никола Писарев, историчар на уметноста и активист на својот блог. 

spasRadika (3)

Цртежот во вид на стилизиран костур на риба, под кој е испишана пораката „Спасете ја Радика“ е долг 12 метри, широк 2.5 метри, а во него се употребени повеќе од 2 кубни метри камен.

spasRadika (4)

-Уметниците мора да се вклучуваат во грѓанските движења и иницијативи, со оваа моја иницијатива која ја остваривме заедно со активистите мислам дека давам добар пример и за останатите мои колеги уметници да се вклучат во граѓанските движења и со нашите (уметнички) идеи да помогнеме да се зголеми видливоста на акциите и да се даде зголемен креативен момент и на тој начин да ја убедуваме јавноста и надлежните да ги корегираат погрешните политики и планови, вели Адем Сулејмановски ликовен уметник и автор на скиците, плановите и фотографиите од интервенцијата на брегот на Дебарското езеро.

spasRadika (5)

Фотодокументацијата од оваа акција ќе биде испратена до сите релевантни домашни и меѓународни организции и институции за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска