ФОТО: Трето издание на „Прво па женско“ – за ново разбирање на 8. Март

Од:

Претстави, дебати, филмови, концерти, предавања, работилници, базар на ракотворби, инсталации – непрекинат ред од активности се случуваат во МКЦ на третото издание на “Прво па женско“ во организација на Tiiiit! Inc. од Скопје. Предавањата и дискусиите се провокативни и за дел од темите прв пат јавно се разговара во земјава а учестуваат и гости од странство.

„Прво па Женско“ е иницијатива што има за цел да поттикне ново промислување на значењето на 8. март – Меѓународниот ден на жената.

– Со повторното поставување на прашањето за положбата на жените во нашето современо општество, овој градски настан отвора неексклузивен простор за конструктивна дебата за околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротиставуваат на традиционалните стереотипи, за размена на знаења и вештини и нови можности за соработка и вмрежување, велат од Тииит! Инц.

prvopaz31

Еве ја програмата:

07.03. (сабота)

ЖЕНСКА СОБА 13.00 кино Фросина, фоаје на кат

ЖЕНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И НИВНАТА БОРБА ЗА РАМНОПРАВНОСТ

Предавање на Вера Бунтеска – претседателка на Организацијата на жени на Општина Карпош и потпретседателка на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија

prvopaz32

“Погрешно ќе биди ако се речи да македонската жена не е земала и не зема дел од борбата на македонскио народ. Макар и да е македонката во много струко ропство како национално, политичко-социално и ропство на мажо, то ипак имаме многу примери во борбите на македонскио народ, да е земала живо участие” – Жените на Македонија во НОВ

ЖЕНСКА СОБА 15.00 кино Фросина, фоаје на кат

АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: РОДОТ НА ПОЛИТКАТА И ПОЛИТИЧКОТО ТЕЛО

prvopaz33

Говорници:

Славчо Димитров, истражувач, теоретичар и активист (Скопје)

Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички истражувања – Скопје

Проф. Јелисавета Благојевиќ, Факултет за медиуми и комуникации –СИНГИДУНУМ, Белград

Оваа дискусија е обид за критика на комплексната историска и неутрализирана релација помеѓу конструкцијата на политиката/политичката имагинација и конструкцијата на машкоста. Дискусијата има за цел да ја доведе во прашање и потиснатата, а сепак универзализирана, метафора и имагинација за политичкото тело (body politic) која во западната политика и политичка филозофија е нотирана како алатка за обединување и за оправдување на нееднаквите дистрибуции на сензибилнито во социјалното тело (односно во заедницата).

prvopaz34

ЖЕНСКА СОБА 18.00 кино Фросина, фоаје на кат

LET’S TALK ABOUT (CLITORAL) SEX: Работилница со Сандра Дaлен (Шведска)

Како функционира телото и како да уживаме? Зошто е важно да се зборува за сексот? Во текот на оваа возбудлива работилница ќе научите сè за клиторисот и како да уживате во клиторијалниот секс сами или со патнерот/партнерката.

prvopaz39

Сандра Дaлен (Шведска) веќе 20 години работи како секс едукатор – предавач, тренер и писател. Во 2002 ја напиша првата феминистичка книга на шведски јазик „Секс итн.“, а во 2006 првата „популарно научна“ книга за хетеронормативноста „Хетеро“. Таа работи и како предавач на теми поврзани со еднаквите можности, дискриминиацијата и нормативно – критичката педагогија.

Учеството на Сандра Дaлен на ПРВО ПА ЖЕНСКО го овозможи Шведската амбасада во Скопје.

prvopaz35

КИНО ФРОСИНА 20.00

Филмска програма во соработка со VOX FEMINAE FESTIVAL (HRV) и WOMEN MAKE MOVIES (US)

Просторот за родна и медиска култура К- Zona од Загреб од 2007 го организира Vox Feminae Фестивалот – интернационален фестивал кој вклучува филмска програма, работилници, изложби и учество на музичар(к)и, уметници, ативист(к)и и теоретичар(к)и. Целта на фестивалот е да се унапреди видливоста на женската креативна и општествена ангажираност со нејзино поместување надвор од вообичаените практики и контекст и создавање нов јавен простор, надвор од бинарните општествени позиции, во кој слободно се дискутираат родовите прашања и предизвици. Препознавајќи го филмот како силна алатка за поттикнување социјални промени, во изминативе седум години, на Vox Feminae се проектирани повеќе од 160 филмови.

prvopaz36

Благодарение на пријателствот на Tiiiit! Inc, Vox Feminae и организацијата која ги обединува американските филмски шампиони во заложбите за родова еднаквост Womеn Make Movies, годнава на ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе можете да ги видите:

„Герилци меѓу нас“

Филм на Ејми Харисон / 1992 год. / 35’

Филмот вешто ги истражува сплеткарењата на комерцијалниот уметнички свет во екот на неговата популарност во 80-те години на минатиот век и одблиску ни ги претставува Герилките (Guerrilla Girls). Оваа анонимна група на уметнички терористи успешно ги става на тапет расизмот и сексизмот во уметничкиот свет уште од 1985 година, а нивните остроумни и креативни тактики го видоизменија политичкиот и културниот активизам. Сплетот од интервјуа со клучните претставници на уметничката сцена во Менхетен, рекордни аукции, отворања изложби и интервјуа со самите Герилки објаснува како до ден-денес се одржал митот за херојскиот машки уметник.

„Некои американски феминистки“

prvopaz37

Филм на Лис Гибо, Никол Бросар и Маргарет Вескот / 1980 год. / 56’

Филмот истражува една од најзначајните социјални појави на минатиот век – вториот бран на женското движење – и нуди фасцинантен флешбек на заложбите за ослободувањето на жените предизвикани од жестоките контрареакции во 90-те години. Инспиративните интервјуа со Ти-Грејс Аткинсон, Рита Мае Браун, Бети Фридан, Марго Џеферсон, Лила Карп и Кејт Милет се испреплетени со исечоци од вистински снимки од бурните 60-ти и раните 70-ти години. Филмот претставува важно критичко гледиште за сите чие поле на интерес се родовите студии, историјата и општествените науки.

ДЕНСИНГ САЛА 22.00

Концерт на Sajsi MC и Threesome (Србија) и Да Џака Накот, Green Fuzz и Палиндром.

prvopaz38

Годинава на ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе рокаме со домашниот ураган ПАЛИНДРОМ, српските сурфери Threesome, нашите неверојатни GreenFuzz и ќе рапуваме со љутата риба од соседството Sajsi MC и брутално искрениот Џака!

Цело време на ПРВО ПА ЖЕНСКО:
Кино Фросина, фоаје на кат
ФЕМ БИБЛИОТЕКА
Книжарница со литература од областа на родовите и културните студии, феминизмот и човековите права. Издавачка куќа Сигма Прес.

МКЦ фоаје
Скејт работилница за девојки со Скејт Асоцијација на Македонија (САМ) и Ана Мало Стаматовска
“I like to skate because it makes me feel free.”
– Fazila 13, Kabul, 2011
Скопје доволно долго чекаше на најкул, еманципирачка работилница со која ќе кршиме стереотипи. Од 6ти до 8ми март, Тиииит! Инк. и С.А.м, ќе бидат домаќин(к)и на првата женска скејт работилница.
Работилницата ја водат: Ана Мало, Иле и Христина.
Очекувајте кул скејт филмови за искуствата на младите скејтерки во Авганистан како, класични must-see скејт филмчиња и супер дружење.

МКЦ хол
Базар на ракотворби
Слободен простор за презентација и промоција на ракотворби направени од и за поинаквите жени и мажи. Одлична можност да (си) купиш поклон за 8ми март?
Учесници: ATAMI, Em Ellephantski, Isnogood, BlackFox, Глигор Кузмановски, WizArt,
фото: Ирена Мила

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ