Синоќа во Изложбениот салон на Н.У Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се отвори изложбата на дела од 50-тата Меѓународна струмичка ликовна колонија.
Традиционално, веќе десет години наназад најпрвин изложбата е поставена во Струмица, од 5-ти до 20-ти август, а потоа првото гостување секогаш е во Куманово.
Директорот на Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица, Иван Јовев истакна дека годинава на колонијата учествувале околу 20-ина уметници од државата и странство.
-Оваа година имавме гости од Полска, Италија, Србија, Бугарија, Црна Гора, а беа создадени некаде над 45 дела во повеќе техники. Годинава се одбележа 50-годишниот јубилеј и чест ми е што можеме да се пофалиме и со мал јубилеј, односно дваесетгодишното постоење на Студио за мозајк, кое што е единствено во Македонија. Ние сме први кои што го направивме и до сега имаме над 70 мозаици изработени, со што се горееме –изјави тој.
По Куманово, 50-тата Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе имаат можност да ја видат љубителите на уметноста во Штип, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола.
Елена Георгиевска