Уметницата Симонида Филипова Китановска, викендов на Водно, направи инсталација од свои дела кои ги работеше на лице место. На проѕирна површина од големо парче плексиглас, го сликаше својот град. Таа, сликајќи го Скопје, ги нагласуваше сивите облаци, магливиот воздух, загадено Скопје.
Поставката ја имаше пораката: „Невидливото сè потешко се брише…“, и пак #ОдТебеЗависи.
– Се надевам дека оваа активност ќе наиде на заинтересираност не само кај Скопјани туку кај сите граѓани во земјата. Би била среќна кога би размислиле сите за своите постапки, бидејќи доколку сакаат да му помогнат на својот град во намалувањето на загаденоста, секој прво треба да тргне од самиот себе и своите секојдневни навики. Само на тој начин, масовно здружени, сите заедно можеме да направиме промена во општестовото во кое живееме, рече Симонида Филипова Китановска.