ФОТО: Почна со работа 50-та струмичка меѓународна ликовна колонија

Од:

Со ретроспективна изложба на делата создавани во изминатиот половина век отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица почна со работа јубилејното 50-то издание на меѓународната ликовна колонија.

На свеченото отворање присуствуваше и Зоран Заев градоначалник на општина Струмица која е и покровител на колонијата.

likovna kolonija 50 019_1575x1050

Струмичката ликовна колонија е со најдолга традиција меѓу колониите во Македонија во чија работа учествувале околу илјада ликовни уметници од сите меридијани во светот кои  во трајно наследство на колонијата оставиле над две илјади дела работени во сите ликовни техники.

likovna kolonija 50 020_1575x1050

Во годинашното јубилејно издание нови дела ќе создаваат  дваесетина ликовни уметници од Македонија и повеќе странски држави, а нивните дела ќе бидат презентирани на традиционалната изложба која ќе биде отворена на 11 септември, денот на ослободувањето на Струмица.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска