(ФОТО) Национализмот се засилува во државите кои немаат идеја за својата иднина

Од:

Вчера и денеска во МКЦ, уметници и теоретичари од Грција, Албанија, Косово, Србија и од Македонија, на настанот насловен „Автономија/Ослободување“ во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје говорат за проблемите и темите на регионална теорија, активизам и практики.

„Автономија/Ослободување“ (Autonomy/Liberation) е првиот настан од проектот за регионална соработка „NATIONLESS“, заеднички труд на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, ДАМ-ДАШ/Шкарт – Белград и Универзитетот на Македонија – Солун – Оддел за балкански, славистички и ориентални студии.

11103822_10206536151537745_73595264_o

На дискусијата вчера Артан Садику од движењето Солидарност говореше за национализмот кој е дел од системите на земјите на регионот и го наведе примерот со Македонија.

– Кога туристите доаѓаат во Македонија ги дочекуваат натписи на кои пишува: „Добро дојдовте во Македонија, колевката на цивилизациите“. Именувањето на автопатот и на скопскиот аеродром „Александар Македонски“, сите споменици и статуи одеа во насока на јакнење на нацинализмот, Александар, но исто така беше и во Грција каде до деведесеттите години, јунаци од античката историја биле филозофите како Платон или Аристотел, но во овој период наеднаш најголем херој од антиката стана Александар Македонски, рече Садику.

11131917_10206536152297764_192990523_n

Тој рече дека затоа во „Солидарност“ креираат различно мнозинство од етничките мнозинства.

– Не се нарекуваме мултиетничка организација, туку надетничка оргнизација, рече Садику.

Професорката Фотини Цибириду од Универзитетот на Македонија во Солун, говореше за траумата на емргрантите, со кои се соочуваат во Грција.

Таа говореше з а поимот „срамот на малцинството“ и траумата на доселениците да станат грчки државјани да ја прифатат културата. Таа говореше како од националното настанува грчкиот национализам.

11134300_10206536152777776_1397211021_n

– А и поимот мултикултурализам е проблематичен затоа што повеќе исклучува, отколку што вклучува, рече Цибриду.

Слободан Караманиќ од Белград рече дека концептот на национализмот не е постар од 200 години.

– Неговото враќање денес го гледам како процес на реструктуирање, недостиг на идеја за днината. Овие бесмислени споменици што ги видов тука во Скопје, сиот овој нонсенс, служи само да се пополни празнината, недостигот на идеја за насока за иднината, рече тој.

11131917_10206536153617797_1177042138_n

Во галеријата на МКЦ беше отворена и изложбата „Nationless: борбата продолжува“, на која учествуваа уметници од Србија, Грција, Албанија, Косово и Македонија: Олсон Ламај [АЛ], Јорданис Стилидис [ГР], Марија Сари [ГР], Драган Протиќ-шкарт [СРБ], Велимир Жерновски [МК], Бранко Тешевиќ – STREET HERO [СРБ], Висар Арифај– Силна партија [КС], Нада Прља и Бранко Прља [МК], Ангелики Авгитиду [ГР], Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ- КУРС (СРБ), Јане Чаловски и Наја Франгули [МК/ГР], Филип Јовановски [МК] и Ѓорѓе Јовановиќ [МК].

11046997_10206536153977806_1129837353_n

Целта на овој проект наслвен Nationless е проблематизирањето на национал(ните)истичките идентитетски политики што се „инклузивни” за едните, а секогаш „ексклузивни” за другите и ја парализираат сета политика што ја разобличува светоста на етничкиот принцип на општествена мобилизација.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје