Денес, сабота 30 август е втората фестивалска вечер на фестивалот СЛОБОДНА ЗОНА 5, кој вчера се отвори под мотото „Остави трага“.
Денеска на прогрмата на Слободна зона публиката ја очекува екстравaгантната изложбата на Владимир Лукаш „Осамениот космонаут и други ѕидни приказни“ во кафе-бар ТАМО во 18 часот, а потоа и главниот фестивалски хепенинг со концерти на Македонските бендови: Хендикеп, Ана О., Culture Development, Фонија, Green Out, Милко, B.Propaganda, сето тоа на големата сцена во градскиот парк од 20 часот.
За време на настапите публиката ќе може да ја погледне и продажната базарна изложба со ракотворби на различни македонски уметници и занаетчии.
Утре, недела 31 август, е третата и последна вечер од фестивалот, а на програмата ќе може да се проследи панел-дискусијата за вмрежување на иницијативи и алтернативни фестивали од македонија во галеријата ТЕРАКОТА од 15 часот, а потоа и поетскиот перформанс „Слободна поезија“на истакнатите поетеси Ана Голејшка и Снежана Стојчевска во истата галерија од 19 часот.
Потоа следува театарската претстава „Лузни“ во режија на Драгана Стојчевска, а во изведба на Талија Настова, Ирена Илиевска, Емилија Мицевска и Нена Максимова.
Претставата ќе се одигра во галеријата ВЕНЕЦИЈА каде беше одржано и отворањето на фестивалот со изложбата „Праг на толеранција“. Фестивалот се затвора со концертот на џез составот Next to Silence, кој ќе се одржи во кафе-бар ТАМО од 22 ч.