Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 20:30 часот ќе се отвори изложбата насловена “Скулптури на новото време 2013“.
Во изложбата учествуваат пеесетина академски сликари од цела Македонија.
Историчарот на уметноста, Роберт Цветковски се надева дека ваквите проекти ќе делуваат мотивирачки и на оние автори кои немаат можност да реализираат самостојни изложби поради финансиите, сега можат со едно дело да бидат во контакт со публиката.
-Овој проект беше замислен како изложба која ќе се занимава со најновите и најсовремени скулптури и скулпторски концепти, но видовме дека, со оглед на моменталната ситуација на македонската уметничка сцена, тоа не е можно. Причините за оваа состојба се повеќе, но носечката е секако ниската финансиска моќ на самите автори кои доколку би се зафатиле со вакви проекти би биле изложени на големи финансиски трошоци притоа останувајќи без било каква гаранција за враќање и на најмал дел од вложените средства, изјави тој.
Елена Георгиевска