ФОТО: Елизабета Линднер претстави свои дела во Берлин

Од:

Во галеријата „Валден”, во Берлин, на почетокот на месецот, се одржа промоцијата на новиот број – X3, на “Пролог – списание за текст и цртеж” (на тема: парчиња, остатоци, фрагменти…), во кое со свои експериментални текстови е застапена литературната преведувачка и уредничката на порталот за македонска литература на германски, „СловоКулт“, Елизабета Костадиновска Линднер.

lindner0

На изложбата на која се презентираа уметниците беа изложени и три дела на Елизабета Костадиновска: цртеж („Измислувајќи-Го“), објект (“Деконструираната книга”) и колажот „Vanitas“ посветен на неодамна починатиот македонски писател, Игор Исаковски. Сите ликовни дела содржат поетски текст (на гермаснки јазик) составен од исечоци од книги, весници и флаери.

На последниот ден на промоцијата се одржа читање на кое авторите од актуелниот број на списанието ги презентираа своите текстови. Публиката во Берлин имаше прилика да слушне и две песни од Игор Исаковски на германски јазик: “Смртта има коса од морска трева” и “Еби се, Исаковски” кои оставија силен впечаток и побудија интерес.

lindner01

– Ова беше мојата прва голема шанса со своите дела да излезам од анонимноста и да ги презентирам своите дела пред јавноста, што во Берлин и не е толку едноставно. Среќна сум што со овој чекор се отвора нов простор и нова димензија за идно презентирање на моите творби, бидејќи на некои од нив – текстовите – работам веќе долги години. Во еден период од животот – поточно во 2001, кога се преселив во Германија, одлучив дека нема веќе да пишувам на македонски, туку на германски јазик, а тоа значеше и пролонгирање на објавувањето на напишаното, бидејќи сум перфекционист кој не пишува на мајчиниот јазик. Но, еве сега конечно се случи, и многу сум сум среќна, и покрај тоа што објавените текстови се експериментални – а експериментот бездруго мора да биде успешен за да наиде на одѕив. Освен тоа, двојна среќа беше и тоа што уредниците на списанието, Антон Шварцбах и Дорит Треблјар, кои ја организрираа целата презентација, беа отворени за предлогот да се оддаде почит на делото на Игор Исаковски и во рамки на манифестацијата да се прочитаат негови песни.

lindner1

Сето ова за мене е показател дека квалитетните дела сепак си наоѓаат простор да бидат прочитани, видени, чуени и доживеани – секако, тоа е голема радост, бидејќи ова е само почетокот кој навестува нови и убави нешта на тоа поле, каде делата ќе треба да се изборат за внимание во конкуренција со неизмерен наплив од квантитет, кој владее во литературната сцена во Берлин и Германија воопшто, вели Костадиновска Линднер.

lindner2

Елизабета Линднер, досега, на домашната јавност и’ беше позната како еден од најистакнатите македонски преведувачи на германската литература.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска