(ФОТО) АКТО 9: Општеството не’отера во депресија, уметноста има свои алатки за борба

Од:

По вчерашното отворање со изложбата на Алекс Дебуф од Франција и почетокот на музичката програма, учесниците на деветото издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Битола се занимаваа со главната тема на ова издание – уметноста како алатка за подобро општество. На првата од сесиите насловена „Пат низ светот, неколку причини да се биде во депресија“, по повод изложбата „You made me so sad. Now that doesn’t have anything to do with you“, кураторката Ивана Васева рече дека живееме во оштествено бунило во кое забораваме што сакаме и каде одиме, бунило кое води во депресија.

akto20144 (1)

– Центарот на Скопје е како темната соба во геј клубовите, место во кое излегуваат страсти и желби за кои често и сами не сме знаеле, кога сме во ситуација во која сме изгубени, рече активистот Кочо Андоновски зборувајќи за своето дело „Гол воин на коњ“.

Ненад Јовановиќ, писател и активист од Кавадарци рече дека општеството онака како што е устороено денес во Македонија ги турка сите во депресија.

– Општествената депресија се победува само со активизам, не гледам друг излез, рече Јовановиќ.

akto20144 (2)

Артан Садуку потсети на податокот дека депресијата е болест која се шири заради девијација на општеството и дека преку изложбата се поставува прашањето на депресијата како политичко прашање.

– Депресијата како најраспостранета болест во Македонија ја потврди и Министерството за здравство во 2013 година, рече Садику.

Една од главните задачи на уметноста е да ги постави прашањата што нкој друг не ги поставува, кои навидум не се толку актуелни, кои се кријат под килим, беше речено на оваа дебата.

akto20144 (3)

Анита Ивковиќ зборуваше за идејата да се изгради Мобилна/монтажна галерија во која се случува програмата на годнашниов фествал, токму како рекација на затвореноста и игнорантскиот однос на институциите од културата.

– Во последните 7 години замре секаква соработка на невладиниот сектор со институциите од културата и ни беше покажано дека сме државни непријатели кои го узурпираат културниот простор. Монтажна/мобилна галерија беше одговор на то. Сега уметниците од целата земја можат слободно, без притисокот на разните термини и побарувања за наплата на институциите кои се финансирани од буџетот, да создаваат и да се изразат. Галеријата од 4 април до денеска има реализирано повеќе излоѓи и настани отколку било која институција за една година, рече Ивковиќ од Центарот за современи уметности од Скопје.

Според Филип Јовановски, денешното македонско општество сака да скрие секаков обид за слобода.

akto20144 (6)

– За да ви стане јасно во какви услови се работи, ќе ви кажам дека цената на пренесувањето на мобилната галерија од Скопје во Битола беше 90 илјади денари, а нашот буџет од општина Битола изнесува 100 илјади денари, рече Јовановски директор на АКТО.

Дал уметноста треба да освојува своја територија? Или треба да се помириме со местото на уметноста кое и’ го дава политиката како декорација или некоја посебна гранка, праша Јовановски на втората сесија насловена Чекан или огледало? Уметноста како алатка за подобро оштество.

Според режисерот Мартин Кочовски едиствено со кое треба да се занимаваме во вакво македонско општество е политичкиот театар.

akto20144 (5)

– Во Македонија занимавањето со политички театар е простачко и граничи со едно фашистичко ниво на обработување на темите. Публиката ја гледа само формата. Директорот на театарот не се интересира за содржината, важно му е да се освои награда и тој да си го задржи директорското место, Министерството дозволува по некоја поразлична претстава, претставувајќи дека дозволува различно мислење, во такви услови, мора да се занимаваме со критички политички театар, рече Кочовски.

Според Никола Гелевски во институциите се чува најдорото од човештвото, па така целта на активизмот би треало да биде не само критика на институциите туку создавање на такви институции во кои ќе работат најдобрите луѓе, на најдобар можен начин.

Инаку, во моментов тече вечерната програма на АКТО и големо внимание предизвика перформансот на хрватскиот уметник Јосип Иванчиќ, кој се соблече гол и влезе во еден контејнер.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска