„Формите на градот“ – изложба на Марко Вујисиќ

Од:

Четириесетина дела – слики, графики и цртежи ќе претстави младиот уметник Марко Вујисиќ на самостојната изложба „Формите на градот“ која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата „Акантус“.

Кураторката на изложбата Дијана Томиќ-Радевска посочува дека како млад автор и жител на Скопје, Вујисиќ преку оваа изложба ни ја претставува неговата поетска слика на доживување на градот. Делата се изработени во различни техники – графика, акрил, масло на платно и комбинирана техника.

-Графити цртежите на Марко имаат свежина на прочистен цртеж, поента која соодветствува со околината, но повеќето од нив повеќе ги нема на ѕидовите на градот. Неговиот афинитет и искуство во графити уметноста, а се отсликува и во неговите слики, ја води неговата рака кон создавање форми кои изгледаат дека се бргу и бритко исцртани во техниката на акрил и масло на платно, но сепак класично се истретирани во прецизноста, истакнува Томиќ-Радевска.

Самостојната изложба на Вујисиќ е поддржана од годишната програма за култура на Град Скопје и за посетителите ќе биде отворена до 20 февруари.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска