Асоцијацијатае формирана заради потребата од артикулирање на потенцијалите на визуелните уметности со цел компетитивно поставување, поврзување и заедничко делување на глобалната уметничка сцена.
На глобалната арт сцена се појави нов независен субјект – Светска асоцијација за визуелни уметности (САВУ).Позади САВУ стојат докажани уметници и професионалциод областа на уметноста и културата, кои со голем ентузијазам ја формираа Асоцијацијата, водејќи се од потребата заделување на полето на унапредување, негување и зачувување на визуелните уметности како значаен дел од светското подвижно културно наследство.
Тоа е генералната цел на САВУ. Во тој контекст се и останатите задачи што ги зацртаа основачите, меѓу кои – соработка и поврзување на сите поединци, организации и институции во светот кои се занимаваат со визуелните уметности; обезбедување поддршка при презентацијата на глобалната уметничка сцена и на глобалниот уметнички пазар, а предвидена еможност за совети и консултации, особено во областа на заштитата на авторските права. Освен тоа, САВУ ќе им дава значајна поддршка на младите таленти, летни школи и други форми на неформално образование, како иорганизирање на меѓународни собири, конференции, како и доделувањенанагради. Ќе функционира и програмата за мобилност на уметниците низ светот, за регионална соработка,а ќе бидат обезбедении поволности за членовите на Асоцијацијата.
Оттаму, САВУ е доброволна, независна, непрофитна организација, чија намера е обединување на поединци и институции чиј заеднички именител е визуелната уметност.Преку слободното здружување ќе се остваруваат, ќе се штитати усогласуваат интересите на членството. Уште повеќе, ќе се вршат дејности и активности за афирмација на вистинските вредности на визуелните уметности.
За што посеопфатно глобално покривање, САВУ ќе биде поставена во следните региони: Балкански регион, Средна Европа, Западна Европа, Источна Европа, Северна Америка, Средна Америка, Јужна Америка, Азија и Австралија.
На основачкото собраниена САВУ Павле Пејовиќ од Црна Гора (директор на Националниот музеј на Црна Гора) е избран за прв претседател на Асоцијацијата, а Венцеслав Антонов од Бугарија (директор на Меѓународното графичко биенале Варна) е избран за директор на Балканскиот регион.