Фолклорната група „Никола Јонков Вапцаров“ при истоимената Национална установа за култура од Делчево замина на повеќедневна турнеја во Република Турција.
Турнејата е резултат на повеќегодишната соработка меѓу збратимените општини Делчево и Борнова во Измир.
Фолклорната група „Никола Јонков Вапцаров“ ќе настапи на Фестивалот на детето во Измир, каде ќе се претстави со повеќе ора и обичаи од Пијанечко-малешевскиот крај.