Филмскиот циклус „Уредник со причина“ ќе го почне Влатко Стефановски

Од:

Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор ќе биде Влатко Стефановски.

– Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и секој месец една јавна личност ќе има можност и слобода да биде „филмски уредник“, соопшти Кинотека.

Како еден од најпознатите и најуспешни македонски музичари со сестран опус разбирливо, велат од Кинотека, што селекцијата на Стефановски се состои од филмови со моќна музичка подлога.

По негов избор на 26 февруари ќе биде прикажан „Париз, Тексас“ на Вим Вендерс (1984), на 27 февруари македонскиот „Мирно лето“ на Димитрие Османли (1961) и на 28 февруари – „Големата убавина“ на режисерот Паоло Сорентино (2013).

По проекцијата на „Големата убавина“ Влатко Стефановски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он