Филмови по избор на Васко Атанасоски во Кинотека

Од:

Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два филма по избор на андерграунд изведувачот Васко Атанасоски, кој за март е „уредник со причина“ – филмска програма што Кинотеката ја воведе минатиот месец.

По негов избор денеска и утре од 20 часот ќе биде прикажан „Избавување“ (Deliverence) – американски филм од 1972 година во режија на Џон Борман, снимен по сценарио на Џејмс Дики, со три номинации за Оскар и со четири за Златен глобус.

В недела, пак, по избор на Атанасоски од 19.30 часот ќе биде прикажан „Најдолгиот пат“ на режисерот Бранко Гапо, по сценарио на Петре М. Андреевски, кој во 1976 година ја доби наградата Голема сребрена арена на филмскиот фестивал во Пула.

По проекциите, од 22 часот во Кинотека, Атанасоски ќе го промовира својот прв соло-албум „Пази куче“ кој како винилно издание излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска, заедно со „Балкан Велики“ – издавачката куќа на Атанасоски. На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ