Филмот „Петрунија“ доби награда за режија на фестивал во Минхен

Од:

Теона Стругар-Митевска доби награда за режија за филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на штотуку завршениот филмски фестивал (Fünf Seen Film Festival) во Минхен.

Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, филмот беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа, а одлуката едногласно ја донело жири составено од филмски професионалци, филмски новинари, публика и институции. Наградата е парична и во износ од 5.000 евра и ја доделува локалната самоуправа.

Продукцијата информира дека дистрибуцијата на „Петрунија“ во Германија ќе почне во ноември.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ