Филмот „М“ на Вардан Тозија ќе учествува на фестивалот во Котбус

Од:

Филмот „М“ во режија на Вардан Тозија ќе учествува на сесијата „Works in progres“ (Филмови во изработка), на филмскиот фестивал во Котбус, Германија.

Како што информираат од „Фокус Покус“, кои се продуцентите на филмот, од стотиците апликанти, само шест проекти се одбрани да бидат презентирани пред заинтересираните агенти, дистрибутери, ТВ и фестивалски едитори, и посочуваат дека ова е одлична можност за промоција на филмот, кој е во финалната фаза на постпродукција.

-Инаку, филмот „М“ е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски, соопштија од „Фокус Покус“.

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

Филмот е официјална копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Повеќе за фестивалот има на следниов линк.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола