Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ со уште три престижни награди

Од:

Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска се закити со уште три престижни награди. На штотуку завршениот фестивал „All About Freedom Festival“, „Господ постои, името и е Петрунија” ја доби главната награда за најдобар филм.

– Фестивалот се одвива во Гданск, Полска и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во вредност од седум илјади евра. Полскиот дистрибутер на филмот „Aurora films“ планира да ја започне дистрибуцијата во Полска на почетокот на следната година, соопшти продукцијата „Сестри и Брат Митевски„.

Оттаму наведуваат дека на Тузла Филмскиот Фестивал во Босна и Херцеговина „Господ постои, името и е Петрунија” ја освои главната награда Златната вила за најдобар филм.

На Македонскиот филмски фестивал во Торонто, главната актерка Зорица Нушева ја освоила наградата за најдобра женска улога.

– Во октомври, Петрунија патува на дури десет фестивали ширум светот, со што веќе се приближува на околу седумдесет фестивалски прикажувања досега, а според неверојатната есенска фестивалска побарувачка сигурно нема да застане на оваа извонредна бројка. Со најновите признанија, со веќе 25 награди досега, не е нескромно да кажеме дека Петрунија навистина го освојува светот, соопштија од продукцијата „Сестри и Брат Митевски“.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ