Филмот „Avec l’amour” вечерва на „Кино на отворено” во Кисела Вода

Од:

„Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски вечерва е на репертоарот на „Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во Кисела Вода.

Проекцијата започнува во 21 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец”, а половина час порано за најмладите ќе се емитуваат анимирани филмови. Инаку, вчерашната проекција на првиот македонски филм за деца „Стела“ предизвика голем интерес кај публиката која имаше можност и да се дружи со екипата која работеше на овој филм, продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ.

Летното кино кое го реализира Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс, продолжува до крајот на оваа седмица.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ