Фестивалот Киненова од 8 до 18 октомври, ќе се емитува и на телевизија

Од:

„Прво филм“ е мотото на Меѓународен филмски фестивал Киненова што годинава официјално ќе се одржува од 8и до 18 октомври. Според директорот Небојша Јовановиќ, фестивалот изобилува со најбогата програма досега, а новост и е што а во текот на целиот месец ќе се емитува на телевизија.

Фестивалот од 1 до 31 октомври ќе се прикажува во телевизиски формат, ексклузивно на телевизијата 24.

– Ова ни е мал јубилеј, петто издание, се одлучивме на ова доста порано, во мај, кога штотуку завршија строгите мерки и карантин и бидејќи сите ние главните одлуки ги носиме во месец мај, тогаш заеднички со целиот тим ја донесовме одлуката дека фетсивалот оваа година ќе мора, но и на задоволство, ќе го изведеме како телевизиски формат. Бидејќи има поослободување на некои мерки и можност за посета на театри и кина, ќе има и проекции во живо во Кинотека, посочи на денешната прес-конференција Небојша Јовановиќ, директорот на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.

Тој посочи дека телевизијата 24 им отстапила сериозен простор во ударен термин, и ги овозоможила сите услови за филм без реклами, што значи нема да има прекин во емитување на филмовите.

Според директорот, фестивалот без дилема има најобемна и најквалитетна програма до сега. Филмовите се поместени во 11 програмски целини и тоа: Главна натпреварувачка селекција – Меѓународна конкуренција, Киненова ретроспектива, Посветено на Фернандо Труеба, Посветено на Билјана Гарванлиева, Фокус на Австрија, Награда Лукс на Европскиот парламент, Киненова независни, Киненова специјал, Вон конкуренција, Меѓународна конкуренција на куси филмови, Македонски куси.

Оваа година во главната програма има филмови од Шпанија, Иран, Грција, Полска, Казахстан и Хрватска. Доминираат социјални драми, но има и биографски документарни филмови, како на пример оние кои се однесуваат на славниот шпански Менесе.

– Меѓународниот филмски фестивал Киненова има две жирија кои ги ценат, главното жири ја цени Меѓународнота конкуренција значи главната натпреварувачка програма, а второто жири ги цени филмовите во Меѓународната конкуренција на куси филмови и филмовите од програмата Македонски куси, рече директорот.

Игор Анѓелков, програмскиот директор на фестивалот, на прес-конференцијата рече дека Киненова се приклучува на светскиот тренд кој се наметна и води кон тоа фестивалската програма да се прикажува на телевизија за да можат што повеќе луѓе да видат што нуди Меѓународниот филмски фестивал.

Главниот фокус, како што посочи, е на европските филмови, односно во фокус е шпанската кинематографија и во сите три филмови доминира Пенелопе Круз.

– Голем куриозитет е што оваа година претседател на главното фестивалско жири е прославениот полски режисер Кшиштоф Зануси. Членови на истото жири се: бугарскиот наградуван режисер Драгомир Шолев и Керем Ајан, директор на најголемиот филмски фестивал во Турција, Истанбулскиот филмски фестивал, рече Анѓелков.

Како што посочи, годинава добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал КИНЕНОВА е актерката Бранка Катиќ.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска