Еж „откри“ ламба стара 1.400 години

Од:

Израелските археолози благодарение на еден еж кој ископал дупка, открија ламба стара 1.400 години, соопшти Управата за антиквитети на Израел.

Археолозите, кои вршеле рутински проверки на локалитетот Хорбат Сиво во централниот дел на Израел, забележале испакнатина во близина на дупката на еден еж и приближувајќи се до неа, откриле недопрени керамички ламби стари 1.400 години.

– Ежот е одличен археолог кој знае да копа на неспоредлив начин, напиша Ира Норович, референт за антиквитети на интернет страницата на Управата. – Бидејќи во земјата има голем број археолошки наоѓалишта, се случува ежовите да изградат засолниште меѓу подземните остатоци. Тие го расчистуваат земјиштето кон површината, а со тоа ги изнесуваат и археолошките предмети, додаде таа.

Но, и покрај благодарност за помошта, Управата издадд „предупредување“ до сите ежови во Израел.

– Ги повикуваме да се воздржат од копаање во археолошките наоѓалиште и ги предупредуваме дека ваквиот вид активности без одобрување претставува кривично дело, соопшти шеговито Управата.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска